1 Самоилова 8:11-17 MKB

11 И рече: „Ова ќе биде правото на царот кој ќе царува над вас: ќе ги зема вашите синови за да му служат кај бојните коли и кај коњите, и тие ќе трчаат пред неговите бојни коли.

12 Ќе ги поставува за илјадници за педесетници; тие ќе ја ораат неговата земја, ќе ја жнијат неговата жетва, ќе му изработуваат бојно оружје и опрема за неговите бојни коли.

13 Царот ќе ги зема вашите ќерки за да му прават мирисливи масти, да бидат готвачки и пекарки.

14 Ќе ги земе вашите најдобри ниви, вашите лозја и вашите градини со маслинки и ќе им ги подарува на своите дворјани.

15 Ќе зема десеток од вашите посеви и од вашите лозја и ќе им го дава на своите дворјани и на своите службеници.

16 Ќе ги зема вашите слуги и вашите слугинки и вашите најдобри волови и ослиња, и ќе ги употребува за своја работа.

17 Ќе зема десеток од вашиот ситен добиток, а вие самите ќе му станете робови.