19 Народот не сакаше да го послуша Самоиловиот глас, туку рече: „Не! Сакаме цар да владее над нас!
20 Така и ние ќе бидеме како сите народи: ќе ни суди наш цар, ќе ни биде водач и ќе ги води нашите војни.”
21 Кога Самоил чу што зборува народот, Му кажа сè на Господа.
22 А Господ му рече на Самоила: „Послушај ја нивната желба и постави им цар!” Тогаш Самоил им рече на Израелците: „Вратете се секој во својот град!”