1 Самоилова 8:3-9 MKB

3 Ама синовите не одеа по татковите стапки: гледаа на својата печалба, примаа поткуп и ја извртуваа правдата.

4 Тогаш се собраа сите израелски старешини и дојдоа кај Самоила, во Рама.

5 И му рекоа: „Ете ти остаре, а твоите синови не одат по твоите стапки. И така, постави ни цар да владее над нас, како што е тоа кај сите народи.”

6 Ама на Самоила не му беше мило дека рекоа: „Дај ни цар да владее над нас!” Затоа Самоил Му се помоли на Господа.

7 А Господ му рече на Самоила: „Послушај го гласот на народот во сè што бараат од тебе, зашто не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, не сакајќи Јас да царувам над нив.

8 Сè што Ми правеа Мене, од оној ден кога ги изведов од Египет па до денешниот ден - Ме оставија Мене и им служеа на туѓи богови - тие ти прават така и тебе.

9 И така, сега послушај го нивното барање, но опомени ги свечено и поучи ги за правата на царот, кој ќе владее над нив.”