1 Самоилова 9:10-16 MKB

10 Саул му одговори на својот слуга: „Добро велиш. Ајде!” И тргнаа во градот каде што живееше Божјиот човек.

11 Кога се искачуваа по угорништето кон градот, сретнаа девојки кои што излегле да нацрпат вода. И ги прашаа: „Дали е горе видовитиот?”

12 Тие им одговорија вака: „Да, видовитиот е пред вас. Точно стигна во градот, само побрзајте, бидејќи денес народот има жртва на високо место.

13 Штом ќе влезете во градот, ќе го најдете уште пред да се искачи на високото место да јаде. Зашто народот нема да јаде додека не дојде тој, бидејќи тој треба да ја благослови жртвата, а потоа повиканите ќе јадат. Затоа одете веднаш горе зашто уште ќе го најдете.”

14 Тие отидоа горе во градот. Кога влегуваа во вратата, Самоил ги сретна тргнувајќи кон високото место.

15 А ден пред да дојде Саул Господ му откри на Самоила:

16 ”Утре во ова доба ќе испратам при тебе човек од Венијаминовата Земја. Ти ќе го помажеш за кнез над Мојот народ Израел. Тој ќе го избави Мојот народ од филистејските раце. Ја видов неволјата на Својот народ, и неговиот вик достигна до Мене.”