Амос 2:2-8 MKB

2 Ќе пуштам оган на Моав за да ги изгори кариотските дворци, а Моав ќе умре во метеж, со бојна врева и со звукот на труба;

3 ќе го истребам судијата во него и ќе ги умртвам сите кнезови со него,” говори Господ.

4 Господ зборува вака: „За три злодејства на Јуда, за четири злосторства, одлуката е неотповиклива: зашто го отфрлија Господовиот Закон и не се придржуваа за Неговите одредби; ги заведоа лажните богови по кои одеа нивните татковци,

5 ќе пуштам оган на Јуда, за да ги изгори ерусалимските дворци.”

6 Господ зборува вака: „За три злостори, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто го продаваа праведникот за сребро и бедниот за лесни обувки;

7 зашто газат по главата на сиромавиот, и бедните ги водат на зло. Синот и таткото одат кај истата девојка за да го обесветат Моето свето име;

8 и врз облеките земени во залог лежат покрај секој жртвеник; и пијат вино на обвинетите во домот на своите богови.