Амос 2:5-11 MKB

5 ќе пуштам оган на Јуда, за да ги изгори ерусалимските дворци.”

6 Господ зборува вака: „За три злостори, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто го продаваа праведникот за сребро и бедниот за лесни обувки;

7 зашто газат по главата на сиромавиот, и бедните ги водат на зло. Синот и таткото одат кај истата девојка за да го обесветат Моето свето име;

8 и врз облеките земени во залог лежат покрај секој жртвеник; и пијат вино на обвинетите во домот на своите богови.

9 Јас ги истребив пред нив Аморејците високи како кедар, силни како дабјето, Јас го уништив и плодот на нив и коренот под нив.

10 Јас ве изведов од Египетската Земја и четириесет години ве водев по пустината за да ја завладеете Аморејската Земја.

11 Јас издигнав пророци од вашите синови и назирејци меѓу вашите младинци. Не е ли така, Израелеви синови?” говори Господ.