9 Јас ги истребив пред нив Аморејците високи како кедар, силни како дабјето, Јас го уништив и плодот на нив и коренот под нив.
10 Јас ве изведов од Египетската Земја и четириесет години ве водев по пустината за да ја завладеете Аморејската Земја.
11 Јас издигнав пророци од вашите синови и назирејци меѓу вашите младинци. Не е ли така, Израелеви синови?” говори Господ.
12 „Но вие ги натеравте назирејците да пијат вино, а на пророците им заповедавте: ‘Не пророкувајте!’
13 Ете, Јас ќе ве притискам до земјата, како што притиска кола полна со снопје,
14 не ќе има богатство за брзиот, силата не ќе го зацврсти силниот, јунакот не ќе се спаси,
15 стрелецот не ќе се додржи, итриот тркач нема да избега, ниту јавачот ќе побегне,