Амос 4:3-9 MKB

3 Ќе излегувате низ проломи, не обѕрнувајќи се никаде, и ќе бидете фрлени кон Ермон,” говори Господ.

4 „Отидете само во Ветил и грешете, во Галгал и множете ги своите гревови! Принесувајте жртви секое утро, и десетини секој трет ден.

5 Палете го тестото стасано за жртва благодарница, прогласете доброволни жртви, разгласете ги, зашто тоа го сакате, Израелеви синови,” говори Господ Бог.

6 „Затоа дадов да ви останат забите чисти во сите ваши градови, ве оставив без леб во сите ваши села; па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ.

7 Ви го скратив и дождот на три месеци пред жетвата; го пуштив да паѓа на еден град, ама не и на друг; едно поле ќе се наквасеше, а другото - врз кое не пуштив дожд - ќе се исушеше.

8 Така два три града скитаа во третиот за да пијат вода, но не можеа да се напијат, па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ.

9 Ве удрив со суша и со метлика, ви ги исушив градините и лозјата, скакулците ви ги изедоа смоквите и маслинките, па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ.