Амос 4:6-12 MKB

6 „Затоа дадов да ви останат забите чисти во сите ваши градови, ве оставив без леб во сите ваши села; па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ.

7 Ви го скратив и дождот на три месеци пред жетвата; го пуштив да паѓа на еден град, ама не и на друг; едно поле ќе се наквасеше, а другото - врз кое не пуштив дожд - ќе се исушеше.

8 Така два три града скитаа во третиот за да пијат вода, но не можеа да се напијат, па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ.

9 Ве удрив со суша и со метлика, ви ги исушив градините и лозјата, скакулците ви ги изедоа смоквите и маслинките, па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ.

10 Испратив помор на вас, како египетскиот помор; вашите младинци ги погубив со меч, а коњите ви беа одведени како плен; ви ги наполнив носалките со смрдеа од вашиот логор, па сепак не се обративте кон Мене - говори Господ.

11 Ве разурнав како што Бог ги разурна Содом и Гомор, бевте како гламна истргана од оган па сепак не се обративте кон Мене - говори Господ.

12 Затоа, Израеле, вака ќе постапам со тебе, и бидејќи така ќе постапам со тебе, подготви се, Израеле, да го пресретнеш својот Бог!