1 Чујте го ова слово што го изнесувам против вас, тажачката, Израелев доме:
2 Падна и веќе не стана израелската девица. Таа лежи на своја земја, и нема никој да ја дигне.
3 Зашто Господ Бог му зборува вака на Израелевиот дом: „Во градот од кој излегуваа илјада, ќе останат сто, од кој излегуваа сто, ќе останат десет.”
4 Зашто Господ му зборува вака на Израелевиот дом: „Барајте Ме Мене и ќе живеете.
5 Не барајте го Ветил, не одете во Галгал, не патувајте во Вирсавеа, зашто Галгал ќе биде одведен во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо.
6 Барајте Го Господа и ќе живеете, или како оган ќе ја зафати Јосифовата куќа и ќе ја изгори, а во Ветил не ќе има никој да го угасне пламенот.