Амос 5:13-19 MKB

13 Мудрецот молчи во ова време, зашто времињата се толку лоши.

14 Барајте го доброто, а не злото, за да живеете, и за да биде Господ, Бог над Воинствата, навистина со вас како што велите дека е.

15 Мразете го злото, љубете го доброто, пазете ја правината, при градската врата, па можеби Господ, Бог над Воинствата, ќе му се смилува на Јосифовиот остаток.

16 Затоа Господ зборува вака, Бог над Воинствата, Господ: „На секоја улица ќе има плач: По сите патишта ќе викате: ‘Леле! Леле!’ Ќе ги повикаат земјоделците за да лелекаат, тажачите за да тажат,

17 ќе има плач во секое лозје, зашто ќе поминам сред тебе,” говори Господ.

18 Тешко ви вам што копнеете по Господовиот ден! Што ќе ви биде Господовиот ден? Темнина, а не светлина.

19 Ќе ви биде како на оној што и избега на лавската уста, а мечката го сретна; како оној што влезе во куќа и ја стави раката на ѕид, а змија го касна.