4 Зашто Господ му зборува вака на Израелевиот дом: „Барајте Ме Мене и ќе живеете.
5 Не барајте го Ветил, не одете во Галгал, не патувајте во Вирсавеа, зашто Галгал ќе биде одведен во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо.
6 Барајте Го Господа и ќе живеете, или како оган ќе ја зафати Јосифовата куќа и ќе ја изгори, а во Ветил не ќе има никој да го угасне пламенот.
7 Тешко им на оние кои ја претворуваат правдата во пелин, кои ја фрлаат чесноста во прав!”
8 Тој ги направи Плеадите и Орион, Тој го обрнува мракот во зора, а денот во најгуста ноќ. Тој ги повикува морските води и ги излева преку лицето на земјата. Господ Му е името.
9 Одненадеж и праќа гибел на крепоста и и носи пропаст на тврдината.
10 Го мразат човекот што дели правда при вратата, и го корат оној што зборува чесно.