Амос 5:5-11 MKB

5 Не барајте го Ветил, не одете во Галгал, не патувајте во Вирсавеа, зашто Галгал ќе биде одведен во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо.

6 Барајте Го Господа и ќе живеете, или како оган ќе ја зафати Јосифовата куќа и ќе ја изгори, а во Ветил не ќе има никој да го угасне пламенот.

7 Тешко им на оние кои ја претворуваат правдата во пелин, кои ја фрлаат чесноста во прав!”

8 Тој ги направи Плеадите и Орион, Тој го обрнува мракот во зора, а денот во најгуста ноќ. Тој ги повикува морските води и ги излева преку лицето на земјата. Господ Му е името.

9 Одненадеж и праќа гибел на крепоста и и носи пропаст на тврдината.

10 Го мразат човекот што дели правда при вратата, и го корат оној што зборува чесно.

11 Затоа, бидејќи го угнетувате сиромашниот, истргнувајќи од него данок во жита, во куќите што ги создадовте од делкан камен никогаш не ќе живеете; од пријатните лозја што ги посадивте никогаш не ќе пиете вино.