Амос 5:9-15 MKB

9 Одненадеж и праќа гибел на крепоста и и носи пропаст на тврдината.

10 Го мразат човекот што дели правда при вратата, и го корат оној што зборува чесно.

11 Затоа, бидејќи го угнетувате сиромашниот, истргнувајќи од него данок во жита, во куќите што ги создадовте од делкан камен никогаш не ќе живеете; од пријатните лозја што ги посадивте никогаш не ќе пиете вино.

12 Зашто знам многу ваши злостори, и вашите преголеми гревови. Го угнетувате праведникот и примавте поткуп, одбивајќи го сиромашниот при градската врата.

13 Мудрецот молчи во ова време, зашто времињата се толку лоши.

14 Барајте го доброто, а не злото, за да живеете, и за да биде Господ, Бог над Воинствата, навистина со вас како што велите дека е.

15 Мразете го злото, љубете го доброто, пазете ја правината, при градската врата, па можеби Господ, Бог над Воинствата, ќе му се смилува на Јосифовиот остаток.