Амос 9:9-15 MKB

9 Зашто, ете, ќе дадам заповед и ќе го расеам Израелевиот дом меѓу сите народи, како што се сее жито во решето, за да не падне ни зрнце на земја.

10 Сите грешници од Мојот народ ќе паднат од меч, сите кои ќе речат: ‘Не е близу и нема да нè стигне несреќа.’

11 Во оној ден ќе ја подигнам распаднатата Давидова колиба, ќе и ги затворам пукнатините, ќе ги поправам разурнатите места, пак ќе ја соѕидам како во стари времиња,

12 за да го освојат остатокот на Едом и на сите народи над кои е повикано Моето име - говори Господ Бог, Творецот на сè тоа.

13 Еве доаѓаат денови - говори Господ - кога орачот ќе го стигнува жетварот, и гмечителот на грозјето - сејачот, кога планините ќе потечат со младо вино, и сите ридови ќе се прелеваат со него.

14 Ќе ја свртам судбината на Мојот народ Израел: ќе ги обноват разурнатите градови и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе им го пијат виното, ќе ги засадат градините и ќе го јадат нивниот плод.

15 Ќе ги посадам во нивната земја, и никогаш веќе не ќе се откорнат од земјата која им ја дадов,” вели Господ, твојот Бог.