14 Наутро Давид му напиша писмо на Јоав и му го испрати по Уриј.
15 А во тоа писмо пишуваше вака: „Поставете го Урија напред, каде што е бојот најжесток, па повлечете се зад него: нека биде погоден и нека загине!”
16 Затоа Јоав, опседнувајќи го градот, го постави Урија на местото каде што знаеше дека стојат најхрабрите борци.
17 Тогаш кога граѓаните излегоа насила надвор и се судрија со Јоав, паднаа неколку од неговата војска, од Давидовите луѓе, а загина и Хетеецот Уриј.
18 Потоа Јоав испрати човек и му соопшти сè што се случило во бојот.
19 И му заповеда на гласникот вака: „Кога ќе му раскажуваш на царот сè што се случило во бојот,
20 можеби царот ќе се налути и ќе ти рече: ‘Зошто сте се доближиле толку близу до градот за да нападнете? Зар не знаевте дека обично се фрлаат стрели од ѕидот?