2 Самоилова 11:6-12 MKB

6 Тогаш Давид му испрати порака на Јоав: „Испрати го кај мене Хетеецот Уриј!” И Јоав го испрати Урија кај Давида.

7 Кога Уриј дојде кај него, Давид го праша како е Јоав, како е војската и како напредува војната.

8 Потоа Давид му рече на Урија: „Слези во својата куќа и измиј си ги своите нозе!” Уриј излезе од царскиот дворец, а по него изнесоа подарок од царскиот стол.

9 Но Уриј остана да спие пред вратата на царскиот дворец со стражарите на својот господар, и не отиде во својата куќа.

10 Му јавија за тоа на Давида, велејќи: „Уриј не отиде во својата куќа!” Тогаш Давид го праша Урија: „Зар не дојде од пат? Зошто не си одиш во својата куќа?”

11 А Уриј му одговори на Давида: „Ковчегот, Израел и Јуда престојуваат под шатори, мојот господар Јоав и стражата на мојот господар престојуваат на отворено поле, а јас да влезам во својата куќа, да јадам и да пијам и да спијам со својата жена? Жив ми твојот живот и твојата душа, навистина нема да направам нешто такво!”

12 Тогаш Давид му рече на Урија: „Остани уште денес тука, а утре ќе те пуштам.” Така Уриј остана во Ерусалим во оној ден.