2 Самоилова 14:1-7 MKB

1 А Јоав, синот Серуин, забележа дека царевото срце се свртува кон Авесалома.

2 Затоа Јоав испрати во Текоа по една умна жена и и рече: „Преправи се како да си во скрб по умрен, облечи тажачки облеки, немој да се мачкаш со масло, туку биди како жена, која е веќе долго време во жалост по умрен.

3 Ќе отидеш кај царот и ќе му речеш вака.” И Јоав и стави во устата нејзина, што да каже.

4 Кога жената од Текое му прозбори на царот, падна ничкум на земјата и се поклони, потоа рече: „Помогни, цару!”

5 Царот ја праша: „Што ти е?” А таа одговори: „Ах, јас сум вдовица. Маж ми умре,

6 а твојата слугинка имаше два сина. Тие се скараа во полето, а немаше никој да ги раздвои, па едниот од нив го удри другиот и го уби.

7 И ете сиот род се подигна против твојата слугинка и рече: ‘Предај ни го тој, кој го убил брата си: за да го погубиме за животот на неговиот брат кого го убил, а со тоа ќе го сотреме и наследникот.’ Така сакаат да ја угаснат жеравицата што им остана, за да не му остават на мојот маж ни име ни потомство по лицето на земјата.”