16 Зашто царот ќе ја послуша својата слугинка и ќе ја избави од рацете на човекот, кој сака да ме истреби заедно со мојот син од Божјото наследство.’
17 Затоа твојата слугинка помисли: ‘Зборот на мојот господар и цар нека ми биде на смирување. Зашто мојот господар и цар е како Божји ангел кој распознава добро и зло. Господ, твојот Бог, нека биде со тебе!’”
18 Тогаш царот проговори и и рече на жената: „Немој сега да ми го скриеш она што ќе те прашам!” А жената одговори: „Нека зборува мојот господар цар!”
19 Тогаш царот праша: „Не се ли со тебе Јоавовите прсти во сè тоа?” А жената одговори: „Така да си жив, господару цару, навистина не се може ни десно ни лево од сè што рече мојот господар и цар! Да, твојот слуга Јоав ми заповеда, тој ја научи твојата слугинка на сите овие зборови.
20 Твојот слуга Јоав го направи тоа за да му даде друго лице на сето тоа, ама мојот господар е мудар како Божји ангел, тој знае сè што се случува на земјата.”
21 Тогаш царот се сврте кон Јоава и му рече: „Добро, ќе го направам тоа. Оди и доведи го назад младиот човек Авесалом!”
22 А Јоав падна со лицето кон земјата, се поклони и го благослови на царот; потоа Јоав рече: „Денес гледа твојот слуга дека најде милост во твоите очи, господару цару, кога царот ја исполни молбата на својот слуга.”