2 Самоилова 14:23-29 MKB

23 Потоа Јоав се крена, отиде во Гесур и го доведе Авесалома назад во Ерусалим.

24 Ама царот рече: „Нека си оди во својата куќа, и лицето мое да не го погледне!” И Авесалом се повлече во својата куќа и не го виде царското лице.

25 Во сиот Израел немаше човек толку убав како Авесалома, кому би можеле да се искажат толку пофалби: од одот на ногата негова до врвот на главата негова, во него немаше недостаток.

26 А кога ја стрижеше косата - а ја стрижеше на крајот на секоја година, зашто му беше претешка па требаше да ја стриже - ја мереше својата коса: беше тешка две стотини шекели, според царската мерка.

27 На Авесалом му се родија три сина и една ќерка по име Тамара; беше мошне убава жена.

28 Авесалом помина две години во Ерусалим, и не го виде царското лице.

29 Тогаш Авесалом го повика Јоава кај себе за да го испрати кај царот, ама тој не сакаше да дојде кај него; и испрати повторно по него, ама тој пак не сакаше да дојде.