2 Самоилова 14:25-31 MKB

25 Во сиот Израел немаше човек толку убав како Авесалома, кому би можеле да се искажат толку пофалби: од одот на ногата негова до врвот на главата негова, во него немаше недостаток.

26 А кога ја стрижеше косата - а ја стрижеше на крајот на секоја година, зашто му беше претешка па требаше да ја стриже - ја мереше својата коса: беше тешка две стотини шекели, според царската мерка.

27 На Авесалом му се родија три сина и една ќерка по име Тамара; беше мошне убава жена.

28 Авесалом помина две години во Ерусалим, и не го виде царското лице.

29 Тогаш Авесалом го повика Јоава кај себе за да го испрати кај царот, ама тој не сакаше да дојде кај него; и испрати повторно по него, ама тој пак не сакаше да дојде.

30 Тогаш Авесалом им нареди на слугите: „Гледајте, Јоавовото поле, е покрај моето, и таму има јачмен: отидете и запалете го!” И Авесаломовите слуги ја запалија онаа нива.

31 Тогаш Јоав се крена, дојде кај Авесалом во куќата и го праша: „Зошто твоите слуги ја запалија мојата нива?”