3 Ќе отидеш кај царот и ќе му речеш вака.” И Јоав и стави во устата нејзина, што да каже.
4 Кога жената од Текое му прозбори на царот, падна ничкум на земјата и се поклони, потоа рече: „Помогни, цару!”
5 Царот ја праша: „Што ти е?” А таа одговори: „Ах, јас сум вдовица. Маж ми умре,
6 а твојата слугинка имаше два сина. Тие се скараа во полето, а немаше никој да ги раздвои, па едниот од нив го удри другиот и го уби.
7 И ете сиот род се подигна против твојата слугинка и рече: ‘Предај ни го тој, кој го убил брата си: за да го погубиме за животот на неговиот брат кого го убил, а со тоа ќе го сотреме и наследникот.’ Така сакаат да ја угаснат жеравицата што им остана, за да не му остават на мојот маж ни име ни потомство по лицето на земјата.”
8 А царот и рече на жената: „Оди си во твојата куќа, јас ќе одредам што треба за тебе.”
9 А жената од Текое му рече на царот: „Господару, цару! Вината нека падне врз мене и врз мојот татковски дом; царот и неговиот престол невини се во тоа!”