2 Самоилова 14:8-14 MKB

8 А царот и рече на жената: „Оди си во твојата куќа, јас ќе одредам што треба за тебе.”

9 А жената од Текое му рече на царот: „Господару, цару! Вината нека падне врз мене и врз мојот татковски дом; царот и неговиот престол невини се во тоа!”

10 А царот продолжи: „Оној, кој ти се закани, доведи го кај мене! Тој веќе нема да те гибне!”

11 А таа рече: „Молам, нека царот си спомни на Господа, својот Бог, дека крвниот одмаздник не ќе ја умножи гибелта и дека нема да го погуби мојот син!” А тој рече: „Така ми живиот Господ, ниедно влакно нема да падне од главата на твојот син на земјата!”

12 А жената продолжи: „Дозволи, твојата слугинка да му рече еден збор на својот господар цар.” А тој одврати: „Зборувај!”

13 А жената рече: „И така, зошто царот - бидејќи со изречувањето на ваквата мисла самиот се призна за виновен - донесе одлука против народот Божји да не го пушта дома оној, кого го протерал?

14 Ние сите сме смртни. Слични сме на водата што се пролева на земја и веќе не може да се собере, и Бог не го подига мртвиот: но мисли за тоа, за протераниот да не остане заточен далеку од него.