2 Самоилова 19:1-7 MKB

1 И му јавија на Јоав: „Ене царот плаче и тагува по Авесалома.”

2 Така победата во оној ден се претвори во жалост за сета војска, зашто војската чу во оној ден дека царот тагува за својот син

3 И во тој ден војската се врати скришно, како што скришно се поткрадува војската што се засрамила бегајќи од бој.

4 А царот го покри своето лице и викаше со сиот глас: „Сине мој Авесаломе! Авесаломе, сине мој! Сине мој!”

5 Тогаш Јоав дојде кај царот во куќата и му рече: „Го срамиш денес лицето на сите свои слуги, кои што денес ти го спасија животот тебе, животот на твоите синови и на твоите ќерки, животот на твоите жени и на твоите соложници,

6 зашто им искажуваш љубов на оние кои те мразат, а омраза на оние кои те љубат. Денес покажа дека ништо не ти е ни до војводите ни до војниците, зашто гледам сега дека ќе ти беше сосем право кога Авесалом би бил жив, а ние сите да загиневме денес.

7 Затоа сега стани, излези и проговори им љубезно на своите војници; зашто, ти се колнам во Господа, ако не излезеш, ниеден човек не ќе остане со тебе ноќеска, и тоа ќе ти биде поголема несреќа од сите што те нашле од твојата младост па досега.”