2 Самоилова 19:36-42 MKB

36 Твојот слуга уште само ќе помине преку Јордан со царот, но зошто царот би ми дал таква награда?

37 Дозволи му на својот слуга да се врати за да умрам во својот град кај гробот на својот татко и својата мајка. Но еве го твојот слуга Хамам, нека оди натаму со мојот господар цар, па стори му нему што е добро во твоите очи!”

38 Царот одговори: „Тогаш Хамам нека иде со мене натаму, а јас ќе му сторам што ти е тебе мило, и што и да ме замолиш, сè ќе му сторам заради тебе.”

39 Кога сиот народ помина преку Јордан, помина и царот, го пољуби Варзелаја и го благослови, потоа овој се врати во своето место.

40 Царот го продолжи патот за Галгал, Хамам одеше со него. Царот го следеа сиот Јудин народ и половината од Израелевиот народ.

41 Тогаш сите Израелци дојдоа пред царот и го прашаа: „Зошто нашите браќа Јудејци те украдоа и зошто ги преведоа преку Јордан нашиот цар и неговиот дом и сите Давидови луѓе со нив?”

42 А Јуда му одговори на Израел: „Царот ми е род мене. Зошто си се налутил заради тоа? Дали јадев на царева сметка? Или нешто си заграбив?”