2 Самоилова 19:37-43 MKB

37 Дозволи му на својот слуга да се врати за да умрам во својот град кај гробот на својот татко и својата мајка. Но еве го твојот слуга Хамам, нека оди натаму со мојот господар цар, па стори му нему што е добро во твоите очи!”

38 Царот одговори: „Тогаш Хамам нека иде со мене натаму, а јас ќе му сторам што ти е тебе мило, и што и да ме замолиш, сè ќе му сторам заради тебе.”

39 Кога сиот народ помина преку Јордан, помина и царот, го пољуби Варзелаја и го благослови, потоа овој се врати во своето место.

40 Царот го продолжи патот за Галгал, Хамам одеше со него. Царот го следеа сиот Јудин народ и половината од Израелевиот народ.

41 Тогаш сите Израелци дојдоа пред царот и го прашаа: „Зошто нашите браќа Јудејци те украдоа и зошто ги преведоа преку Јордан нашиот цар и неговиот дом и сите Давидови луѓе со нив?”

42 А Јуда му одговори на Израел: „Царот ми е род мене. Зошто си се налутил заради тоа? Дали јадев на царева сметка? Или нешто си заграбив?”

43 Тогаш Израел му одговори на Јуда: „Јас имам десет делови во царот, и спрема тебе јас сум првороденец. И така зошто ме презре? Не беше ли мојот збор прв кога требаше да биде доведен назад мојот цар?” Но Јудиниот говор беше поцврст од Израелевиот говор.