2 Самоилова 19:9-15 MKB

9 И сиот народ по сите Израелеви племиња се препираше, говорејќи: „Царот нè избави од рацете на нашите непријатели, тој нè избави од филистејските раце, а сега требаше да побегне од земјата пред Авесалома.

10 А Авесалом кого го помазавме за цар загина во бојот. И така, зошто се двоумите да го доведете царот назад?”

11 Зашто зборовите на сиот Израел стигнаа до царот и до неговата куќа. Затоа царот им порача на свештениците Садок и Авијатар: „Кажете им на јудејските старешини вака: ‘Зошто вие да бидете последни кои ќе го доведат царот во неговата куќа?

12 Вие сте мои браќа, вие сте од моето месо и од моите коски. И така, зошто да бидете последни кои ќе го вратат царот?’

13 Речете му и на Амаса: ‘Не си ли ти од моите коски и од моето месо? Господ нека ми стори зло и нека ми додаде друго ако не ми бидеш војвода засекогаш над мојата војска место Јоава!’”

14 Тогаш сите луѓе на Јудиниот род се сложија како еден човек и му порачаа на царот: „Врати се со сите свои слуги!”

15 И така царот се врати и дојде до Јордан, а Јудејците беа стигнале до Галгал доаѓајќи му во пресрет на царот, за да го придружуваат царот при преминот преку Јордан.