2 Самоилова 24:4-10 MKB

4 Ама царскиот збор беше посилен од зборовите на Јоава и на војводите на неговата војска. Така Јоав и војводите отидоа од кај царот за да го избројат Израелскиот народ.

5 Тие поминаа преку Јордан и почнаа кај Ароир и кај градот што лежи сред долината и тргнаа оттаму кон Гадците и кон Јазир.

6 Потоа дојдоа во Галад и во земјата на Хетејците, во Кадис; потоа стигнаа во Дан, а од Дан свртија спрема Сидон.

7 Потоа дојдоа до крепоста Тир, и во сите градови на Евејците и Ханаанците, и го завршија својот пат во Јудиниот Негев, во Вирсавеа.

8 Откако ја обиколија сета земја се вратија по девет месеци и дваесет денови во Ерусалим.

9 Јоав му го даде на царот пописот на народот: Израелците беа осум стотини илјади борци вешти со меч, а Јудејците пет стотини илјади луѓе.

10 Потоа Давида почна да го пече совеста зашто даде да се брои народот, па му рече на Господа: „Многу згрешив дека го направив тоа! Ама, Господи, прости му ја таа вина на својот слуга, зашто постапив крајно неразумно.”