2 Самоилова 7:10-16 MKB

10 Ќе му одредам место на Својот израелски народ, ќе го посадам, за да живее на свое место и да не скита веќе наоколу, ниту злосторниците да го мачат како порано,

11 тогаш кога одредив судии над Својот израелски народ. Јас ќе му прибавам мир од сите негови непријатели. Господ ќе те направи голем, Господ ќе ти подигне дом.

12 И кога ќе се исполнат твоите денови и кога ти ќе починеш при своите татковци, ќе издигнам твој потомок по тебе, кој ќе се роди од твоите бедра, и ќе го зацврстам неговото царство.

13 Тој ќе му изгради дом на Моето име, а јас ќе го зацврстам неговиот престол засекогаш.

14 Јас ќе му бидам татко, а тој ќе Ми биде син: ако направи беззаконие, ќе го казнам со човечка прачка и со ударци како што ги задаваат човечките синови.

15 Но Својата наклоност нема да је одвратам од него, како што ја одвратив од Саула, кого го отстранив од пред тебе.

16 Твојата куќа и твоето царство ќе траат довека пред Мене, твојот престол ќе стои цврсто засекогаш.”‘“