15 Но Својата наклоност нема да је одвратам од него, како што ја одвратив од Саула, кого го отстранив од пред тебе.
16 Твојата куќа и твоето царство ќе траат довека пред Мене, твојот престол ќе стои цврсто засекогаш.”‘“
17 Натан му ги пренесе на Давида сите тие зборови и целото видение.
18 Тогаш царот Давид влезе во шаторот и застана пред Господа и се помоли: „Кој сум јас, Господи Боже, и што е мојот дом та ме доведе дотука?
19 Па и тоа е уште премало во Твоите очи, Господи Боже, та и даваш Свои ветувања на куќата на Својот слуга за далечна иднина, и тоа е по законот човечки Господи Боже!
20 Ама што би можел Давид уште да ти рече, кога Ти Самиот го познаваш Својот слуга, Господи Боже!
21 Заради Својот збор и според Своето срце го направи сето ова големо дело, откривајќи ги сите овие величествености на слугата Твој да познае.