2 Самоилова 7:19-25 MKB

19 Па и тоа е уште премало во Твоите очи, Господи Боже, та и даваш Свои ветувања на куќата на Својот слуга за далечна иднина, и тоа е по законот човечки Господи Боже!

20 Ама што би можел Давид уште да ти рече, кога Ти Самиот го познаваш Својот слуга, Господи Боже!

21 Заради Својот збор и според Своето срце го направи сето ова големо дело, откривајќи ги сите овие величествености на слугата Твој да познае.

22 Затоа велик си Господи Боже; нема таков каков што си Ти, и нема Бог освен Тебе, според сè што чувме со своите уши.

23 Постои ли макар еден народ на земјата како Твојот израелски народ, заради кого Бог отиде да го избави за Свој народ, за да си прославиш така име со големи и страшни чуда, изгонувајќи ги кривобожечките племиња пред Својот народ, што го откупи од Египет?

24 Така го закрепна израелскиот народ засекогаш, а Ти, Господи, му стана Бог.

25 Затоа сега, Господи Боже, исполни го засекогаш ветувањето што им го даде на Својот слуга и на неговиот дом и направи како што си заветувал.