2 Самоилова 7:24-29 MKB

24 Така го закрепна израелскиот народ засекогаш, а Ти, Господи, му стана Бог.

25 Затоа сега, Господи Боже, исполни го засекогаш ветувањето што им го даде на Својот слуга и на неговиот дом и направи како што си заветувал.

26 Нека се велича Твоето име засекогаш и нека се зборува: ‘Господ над Војските е Израелев Бог’, а домот на Твојот слуга Давид нека стои цврсто пред Тебе.

27 Зашто Ти, Господи над Воинствата, Израелев Боже, му го откри ова на Својот слуга: Јас ќе ти подигнам дом. Затоа Твојот слуга најде храброст за да Ти се помоли со оваа молитва.

28 Навистина, Господи Боже, Ти си Бог, Твоите зборови се вистински и Ти му го даваш ова прекрасно ветување на Својот слуга.

29 Благоволи сега да го благословиш домот на Својот слуга, за да остане довека пред Тебе. Зашто кога Ти, Господи Боже, ќе ветиш и ќе благословиш, куќата на Твојот слуга ќе биде благословена засекогаш.”