2 Ги порази и Моавците и ги измери со јаже, откако ги полегна по земјата: измери две јажина од оние што треба да бидат погубени, а едно цело јаже од оние што треба да бидат оставени живи. Така Моавците станаа Давидови поданици, кои му донесуваа данок.
3 Давид го порази и Адад-Езера, синот Реовов, совскиот цар, кога излезе да ја прошири својата власт до Реката.
4 Давид зароби од него илјада и седум стотини коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги исече жилите на сите коњи на бојните коли; остави само сто.
5 Дамаските Сиријци му дојдоа на помош на Адад-Езер, совскиот цар, ама Давид истепа меѓу Сиријците дваесет и две илјади луѓе.
6 Постави намесник во Дамаскиот Арам. Така Арамејците (Сиријците) станаа Давидови поданици и требаа да му плаќаат данок. Господ му даваше победа на Давида каде и да одеше.
7 Давид ги заплени златните штитови што ги имаа Адад-Езеровите слуги, и ги донесе во Ерусалим.
8 Од Ветах и од Виротај, Адад-Езерови градови, цар Давид донесе многу бронза.