2 Самоилова 8:8-14 MKB

8 Од Ветах и од Виротај, Адад-Езерови градови, цар Давид донесе многу бронза.

9 Кога ематскиот цар Тој, чу дека Давид ја порази сета Адад-Езерова војска,

10 му го испрати својот син Јорам на Давида за да го поздрави и за да му честита зашто војуваше против Адад-Езер и зашто го порази, зашто Адад-Езер беше во војна со Тој; Јорам донесе сребрени, златни и бронзени предмети.

11 И нив царот Давид Му ги посвети на Господа со среброто и златото што го беше зел од сите народи кои ги покори:

12 од Сиријците, од Моавците, од Амонците, од Филистејците и од Амаликците, и од пленот на Адад-Езер, синот Реовов, царот на Сова.

13 Давид придоби нова слава кога на враќање ги порази Едомците, во Солената Долина, нив осумнаесет илјади.

14 И постави управители во Едом, и сите Едомци станаа Давидови поданици. И каде и да одеше Давид, Господ му даваше победа.