2 Самоилова 9:1-7 MKB

1 Еден ден Давид праша: „Има ли уште некој преживеан од Сауловата куќа, за да му направам милост заради Јонатана?”

2 А во Сауловата куќа беше слуга по име Сива: него го повикаа пред Давида, и царот го праша: „Ти ли си Сива?” А тој одговори: „Јас сум, твојот слуга!”

3 А царот продолжи: „Зар нема веќе никој од Сауловата куќа, за да му искажам Божја милост?” А Сива му одговори на царот: „Има уште Јонатанов син, кој е хром на двете нозе.”

4 Царот го праша: „Каде е тој?” А Сива му одговори на царот: „Ене го во куќата на Махир, синот Амилов, во Ло Девар.”

5 Тогаш царот Давид испрати по него во куќата на Махир, синот Амилов, од Ло Девар.

6 Кога Мефивостеј, синот Јонатанов, синот Саулов, дојде кај Давида, падна ничкум и се поклони. А Давид рече: „Мефивостеју!” Тој одговори: „Еве го твојот слуга!”

7 А Давид му рече: „Не бој се, зашто сакам да ти искажам милост заради твојот татко Јонатан. Ќе ти ги вратам сите ниви на твојот дедо Саул, а ти секогаш ќе јадеш леб на мојот стол.”