Осија 1:2-8 MKB

2 Почеток на Господовото слово на Осија. Господ му рече на Осија; „Оди, ожени се со блудница и народи блуднички деца, зашто земјата му се предаде на блудот, одметнувајќи се од Господа.”

3 И тој отиде, ја зеде Гомера, ќерката Димлаимова, која зачна и му роди син.

4 Господ му рече: „Наречи го со името Езраел, зашто уште малку и ќе ги казнам езраелските колежи на Јујевиот дом и ќе го докрајчам царството на Израелевиот дом.

5 И во тој ден ќе го скршам израелскиот лак во Езраелската Долина.”

6 И таа пак зачна и роди ќерка. И Господ му рече: „Наречи ја со името: Непомилувана (Ло-Рухама), зашто отсега нема да ми биде мила Израелевата куќа, ќе се повлечам од неа;

7 а ќе ми замилее Јудината куќа, ќе ја спасам со Господа, со нивниот Бог, а не ќе ја спасам со лак, со меч ни со копје, ни со коњите ни со коњаниците.”

8 Кога ја одби Непомилувана (Ло-Рухама), пак зачна и роди син.