Осија 14 MKB

1 Израелу, врати се кај Твојот Господ Бог, зашто падна заради Твоето беззаконие.

2 Земете ги со себе зборовите и обратете се кон Господа. Речете Му: „Одземи го од нас беззаконието и прими го за добро и ние ќе Ти дадеме благодарни приноси од своите усни.

3 Асирецот нема да нè избави, и не ќе јаваме веќе коњи, ниту ќе му зборуваме на делото на своите раце: „Боже наш!” - зашто сирачето наоѓа милост во Тебе.”

4 Ќе ги исцелам од нивното отпаѓање, ќе ги љубам од сето срце, зашто Мојот гнев се одврати од нив.

5 Ќе му бидам како роса на Израел; тој ќе цвета како лилјан, ќе пушти корен како на Ливан,

6 ќе ги шири гранките далеку, славата ќе му биде како на маслината, мирисот како Ливан.

7 Пак ќе се врати во Мојата сенка, ќе ја одгледува својата пченица, ќе ги одгледува лозјата што ќе го добијат името на ливанското вино.

8 Ефреме, што имаш ти уште со идолите? Јас го послушав и го погледав. Јас Сум како зелениот чемпрес: преку Мене си плодоносен со плодови.

9 Кој е мудар нека го сфати ова, и разумниот човек нека сознае! Зашто Господовите патишта се прави: праведниците одат по нив, а грешниците паѓаат на нив.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14