7 а ќе ми замилее Јудината куќа, ќе ја спасам со Господа, со нивниот Бог, а не ќе ја спасам со лак, со меч ни со копје, ни со коњите ни со коњаниците.”
8 Кога ја одби Непомилувана (Ло-Рухама), пак зачна и роди син.
9 И Господ рече: „Наречи го со името Ло-Амиј (Не-Мој- Народ), зашто веќе не сте Мој народ, и Јас веќе не Сум ваш Бог.”
10 А Израелевите деца ќе бидат на број како мроска песок што не може да се измери ни да се изброи. Во место каде што им зборуваат: Вие не сте Мој народ, ќе ги наречат: Синови на Живиот Бог.
11 Ќе се обединат Јудините синови и Израелевите синови, ќе си постават за себе еден главатар и ќе заминат од земјата: зашто голем ќе биде езраелскиот ден.