Осија 10:1-7 MKB

1 Израел беше бујна лоза, таа донесуваше богат плод. И колку повеќе му се раѓаа плодови, толку повеќе ги умножуваше жртвениците; колку побогата му беше земјата, толку понакитени столбови подигаше.

2 Нивното срце е поделено, ќе го исплатат тие тоа! Тој ќе им ги сруши жртвениците, ќе им ги искрши нивните столбови.

3 Тогаш ќе речат: „Ние немаме цар зашто не се боевме од Господа. Та што би сторил тој?

4 Истуруваат зборови, се колнат лажно, склучуваат сојузи; а судот цвета како отровни билки во браздите на полето.

5 За ветавенското теле треперат жителите на Самарија; да, заради него тагува неговиот народ, неговите свештеници тажат над него, над неговата слава, зашто е протерана од него.

6 А самиот него ќе го одвлечат во Асирија за дар на големиот цар. Срам ќе го опфати Ефрема, Израел ќе се црвенее заради својата одлука.

7 Самарија е уништена. Нејзиниот цар ќе исчезне како пена врз површината на водата.