Осија 10:8-14 MKB

8 Ќе бидат разурнати срамните високи места, Израелевиот грев; трње и чички ќе растат по нивните жртвеници. Тогаш ќе им зборуваат на ридовите: „Покријте не!” и на бреговите: „Паднете на нас!”

9 Грешете повеќе отколку во гавајските денови, Израелу! А и да застанеа таму, не ќе ли ги стигнеше војната како гавајските беззаконици?

10 Ќе ги казнам, како што ќе ми се допадне: народите ќе се соберат против нив за да ги казнат за двојно беззаконие.

11 Ефрем е добро научена јуница, која сака да врши; убавиот врат ќе и го ставам во јарем, ќе го впрегнам Ефрема. Јуда ќе ора, Јаков ќе ги крши грутките.

12 Сејте правда, ќе пожнеете љубов; расчистувајте нови земји: време е да Го барате Господа, додека не дојде и да ви дожди со правда.

13 Оравте безбожност, жнеевте беззаконие, јадевте плод на измама. Се надеваше на својата кола и во мноштвото свои јунаци,

14 затоа бојната врева ќе се разлева низ твоите градови, и сите тврдини ќе ти бидат разурнати како што Салман го разурна Вет Арвел во воен ден, кога мајката ја погубија со нејзините деца.