Осија 10:9-15 MKB

9 Грешете повеќе отколку во гавајските денови, Израелу! А и да застанеа таму, не ќе ли ги стигнеше војната како гавајските беззаконици?

10 Ќе ги казнам, како што ќе ми се допадне: народите ќе се соберат против нив за да ги казнат за двојно беззаконие.

11 Ефрем е добро научена јуница, која сака да врши; убавиот врат ќе и го ставам во јарем, ќе го впрегнам Ефрема. Јуда ќе ора, Јаков ќе ги крши грутките.

12 Сејте правда, ќе пожнеете љубов; расчистувајте нови земји: време е да Го барате Господа, додека не дојде и да ви дожди со правда.

13 Оравте безбожност, жнеевте беззаконие, јадевте плод на измама. Се надеваше на својата кола и во мноштвото свои јунаци,

14 затоа бојната врева ќе се разлева низ твоите градови, и сите тврдини ќе ти бидат разурнати како што Салман го разурна Вет Арвел во воен ден, кога мајката ја погубија со нејзините деца.

15 Еве што ви направи Ветил зашто потонавте во зло: во зората ќе го снема за секогаш израелскиот цар!