9 Не ќе му дадам веќе замав на гневот, не ќе го сотрувам пак Ефрема, зашто Јас Сум Бог, а не човек; Светец сред тебе - не ќе доаѓам веќе гневен!
10 Тие ќе одат по Господа, Тој ќе го даде Својот глас како лав; а кога ќе го даде својот глас неговите синови ќе дојдат весело од запад;
11 ќе дојдат како птици од Египет, како гулаби од Асирската Земја, и ќе ги населам по нивните куќи. говори Господ.
12 Ефрем ме опколи со лага, и Израелевиот дом со измама. А и Јуда уште Му е непостојан на Бога, на верниот Светец.