2 Господ има парница со Израел, ќе го казни Јакова според постапките, ќе му врати според неговите дела.
3 Уште во мајчината утроба го истисна братот, во машката сила се бореше со Бога.
4 Се бореше со Ангел и го надвладеа, плачеше и го молеше. Го најде во Ветил и таму Бог зборуваше со него,
5 да, Господ, Бог над Воинствата, Господ е Неговото име.
6 И така, врати Му се ти на својот Бог, чувај ги љубовта и справедливоста и надевај се секогаш во својот Бог!
7 Во раката на Ханан е крива мерилка, тој сака да задржува.
8 И Ефрем рече: „Само се збогатив, натрупав благо.” Но од сета печалба ништо не ќе му остане, зашто згреши со беззаконија.