5 да, Господ, Бог над Воинствата, Господ е Неговото име.
6 И така, врати Му се ти на својот Бог, чувај ги љубовта и справедливоста и надевај се секогаш во својот Бог!
7 Во раката на Ханан е крива мерилка, тој сака да задржува.
8 И Ефрем рече: „Само се збогатив, натрупав благо.” Но од сета печалба ништо не ќе му остане, зашто згреши со беззаконија.
9 Јас Сум Господ, твој Бог, од Египетската Земја, уште ќе ти дадам да живееш под шатори, како во деновите на Средбата;
10 ќе им зборувам на пророците, ќе ги умножам виденијата и ќе ги учам преку зборовите на пророците.
11 Галад е навистина беззаконие, сама суета; во Галгал жртвуваат бикови; затоа жртвениците ќе им бидат како куп камења во полските бразди.