1 Потоа Господ ми рече: „Оди пак, љуби ја жената која љуби друг и прави прељуба, како што Господ ги љуби Израелевите деца, додека тие се свртуваат кон други богови и копнеат по колачиња од грозје.”
2 Тогаш јас ја купив за петнаесет сребреници, за гомор и летек јачмен,
3 и и реков: „За многу дни ќе ми останеш повлечена; не ќе блудничиш ниту ќе му се даваш на некој човек, а ни јас нема да пристапувам кон тебе.”
4 Зашто многу денови Израелевите синови ќе останат без цар и без кнез, без жртва и без столб, без наплеќник и без терафими.