2 Тогаш јас ја купив за петнаесет сребреници, за гомор и летек јачмен,
3 и и реков: „За многу дни ќе ми останеш повлечена; не ќе блудничиш ниту ќе му се даваш на некој човек, а ни јас нема да пристапувам кон тебе.”
4 Зашто многу денови Израелевите синови ќе останат без цар и без кнез, без жртва и без столб, без наплеќник и без терафими.
5 Потоа, Израелевите синови ќе се вратат; ќе Го бараат Господа, својот Бог, и Давида, својот цар; со страв ќе им пристапуваат на Господа и на Неговите добрини на крајот на деновите.