1 Чујте го Господовото слово, Израелеви синови, зашто Господ спори со жителите на земјата. Нема веќе верност, нема милост, нема познавање Божјо на земјата,
2 туку проклетство и лага, убивање и кражба, прељуба и насилство, една крв ја стигнува другата.
3 Затоа земјата ќе тагува и ќе гинат сите нејзини жители со полските ѕверови и со небесните птици, та ќе гинат и рибите во морето.
4 Сепак нека никој не се препира, нека никој не укорува. Но со тебе треба да се препирам, свештенику.