Осија 4:13-19 MKB

13 Тие жртвуваат на горските врвови и кадат на ридовите под даб, јаблан и под топола; зашто е толку пријатно под нивната сенка. И затоа, му се предаваат вашите ќерки на блудството, прават прељуба вашите невести,

14 не ќе ги казнам ќерките зашто блудничат, ниту вашите невести зашто прават прељуба; зашто тие сами одат насамо со блудниците и жртвуваат со храмските љубовници. Така, без разум народот оди во пропаст!

15 Ако ти, Израелу, му се предаваш на блудството, барем Јуда нека не греши! И не одете во Галгал, не искачувајте се во Вет Авен, не колнете се „живиот ми Господ.”

16 Зашто како тврдоглава јуница, Израел стана тврдоглав, па како Господ да го спаси сега како јагне во широка ливада?

17 Ефрем се здружи со идолите: Остави го!

18 Одвратно е нивното пијанство, му се предаваат целосно на блудството, нивните кнезови го сакааат срамот.

19 Виорот ќе ги стегне со своите крилја и ќе се засрамат од нивните жртви.