3 Затоа земјата ќе тагува и ќе гинат сите нејзини жители со полските ѕверови и со небесните птици, та ќе гинат и рибите во морето.
4 Сепак нека никој не се препира, нека никој не укорува. Но со тебе треба да се препирам, свештенику.
5 Дење ти ќе се слизнуваш, а ноќе со тебе ќе се слизнува и пророкот; ќе ја погубам твојата мајка.
6 Мојот народ гине: нема знаење; зашто ти го отфрли знаењето, и Јас те отфрлам тебе од Моето свештенство; зашто го заборави Законот на Својот Бог, и Јас ќе ги заборавам твоите синови.
7 Колку повеќе ги имаше, толку повеќе грешеа против мене, својата слава ја заменија со срам.
8 Тие се хранат со гревовите на Мојот народ, душата им лакоми за неговите беззаконија.
9 И со свештеникот ќе биде како и со народот; ќе го казнам за неговите патишта и ќе му наплатам за неговите дела.