6 Мојот народ гине: нема знаење; зашто ти го отфрли знаењето, и Јас те отфрлам тебе од Моето свештенство; зашто го заборави Законот на Својот Бог, и Јас ќе ги заборавам твоите синови.
7 Колку повеќе ги имаше, толку повеќе грешеа против мене, својата слава ја заменија со срам.
8 Тие се хранат со гревовите на Мојот народ, душата им лакоми за неговите беззаконија.
9 И со свештеникот ќе биде како и со народот; ќе го казнам за неговите патишта и ќе му наплатам за неговите дела.
10 Ќе јаде, но нема да се насити, ќе блудствува, но не ќе се размножува, зашто тие прекратија да Му служат на Бога -
11 блудството, пијалаците и виното им го пленија срцето.
12 Мојот народ бара совет од дрво, неговата палка му дава одговори: зашто духот на развратот ги заведува нив, та бегајќи од Својот Бог му се предаваат на блудството.